ФОТО:Видете што се случува на интернет за една минута

Во една минута се испраќаат над 204 милиони електронски пораки, а се преземаат 47 илјади апликации, а за купување од Amazon се трошат повеќе од 83,000 долари

Во еден момент се поминуваат околу 20, милиони фотографии, шест милиони Facebook страници и се гледаат 1,3 милиони видеа на Youtube. 

„Компјутерите се трансформираа и влегоа во животите на огромен број луѓе. Најголемо влијание на количеството на пренесени податоци имаат мобилните уреди. Слушањето музика, гледањето видеа, преземањето фотографии, играњето видео игри, „освежувањето“ на статусите на Twitter – сите тие активности го сочинуваат сообраќајот на мрежата“, објаснува Кристал Темпл од Intel.

Студијата објаснува како во иднина ќе се разменуваат информациите. До 2015 се предвидува бројот на уреди двојно да се зголеми во однос на бројот на луѓе во светот. Што значи дека еден човек за пет години би можел да ги прегледа сите видео снимки што корисниците од цел свет ги отвораат само во една секунда. 

 

 

 

 

 

најчитано сега