ВИДЕО: Името Македонија непожелно во скопски Чаир

Името Македонија  непожелно во скопски Чаир. Спортската сала која го носи името на државата а финансирана од Владата, деновиве беше мета на вандали. Тие со боја го премачкаа до целосна непрепознатливост називот на салата, пишува Сител

Ако се земе предвид дека вандалите качени на мини-кран “работеле“ среде бел ден на неколку десетици метри од општинската зграда,чудно е како од самата општина не го забележале актот.

Ова не е првпат македонските називи испишани кирилично на чаирските објекти да им пречат на дел од жителите на оваа општина.

 

21.02.2014 - 23:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа