Ново политичко движење во Грција - „Драхма 5“

Во Атина денеска ќе се оддржи првото генерално собрание на новата политичка партија „План Б“, која го поддржува излегувањето на Грција од еврозоната и враќање на драхмата, соопштуваат грчките медиуми.

Предлагајќи ја можноста за враќање на драхмата, грчкиот универзитетски професор Теодорос Кацаневас заедно со режисерот Никос Јатридис, новинарот и писател Стефанос Митилинеос и други познати личности пристапуваат кон формирање на новата политичка формација во земјата, чие целосно име е „Драхма 5“ - Грчко демократско движење пет ѕвезди“, соопшти весникот „Имерисија“.

Новата партија е одобрена од Врховниот суд на Грција.

Партијата има пет главни постулати: повлекување на меморандумот со меѓународните кредитори, враќање на драхмата, самостоен разој, национално достоинство и социјална правда.

Движењето ќе соработува со политички партии, движења и личности, а неговата единствена цел ќе биде враќање на Грција кон нејзината претходна национална валута - драхмата.

За оваа своја цел иницијаторите планираат ова прашање да го стават на референдум, да бараат европска и меѓународна поддршка и ќе се стремат да работат на создавање на Алијанса меѓу земјите од европскиот југ.