Скопјани навалете: И викендов ќе тече чоколадо од сите страни во Веро центарот

Добри вести за љубителите на чоколадото. Фестивалот „Чоколадна земја“ продолжува и викендов во Веро центарот.

Како што информираат организаторите, потрошувачите и овој викенд ќе можат да уживаат во чоколадите и слатките на  Европа, Бамби, Мое колаче, Краш, Кандид, Милка, Киндер, Најлепше жеље, Марс, Баунти, Милки веј, Твикс, Сникерс, Свис лион и Ритер спорт, Шотеген, Тофифи,... Ќе се запознаат со над 1.000 различни чоколадни производи од 9 домашни и странски производители. Бели, црни, чоколади со различни вкусови и разни додатоци е само дел од асортиманот.

Викендов се предвидени работилници и забавни игри особено за децата. Ќе се изработуваат слатки од разни материјали, а за најмалите ќе биде организирана „Слатка меморија“, игра во која може да добијат безброј слатки награди.

22.02.2014 - 10:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега