Од ВМРО-ДПМНЕ потврдуваат: Пристигна иницијатива за поддршка на Иванов

Од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ денеска за Канал 5 потврдиле дека кај нив пристигнала иницијатива со поддршка на актуелниот македонски претседател Ѓорге Иванов.

Како што објавува Канал 5 повикувајќи се на извори од владејачката партија, на иницијативата се потпишале педесеттина интелектуалци и јавни личности. Од партијата не сакаат да откријат повеќе детали.

 

Потписниците на иницијативата бараат од ВМРО-ДПМНЕ, претседателот Иванов да ја добие партиската поддршка на претстојната конвенција на која ќе биде избран кандидатот за претседател за претседателските избори.

23.02.2014 - 12:42
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа