ДПА со свој кандидат за Претседател?

Денеска ќе заседава Централното претседателство на партијата.

Демократската партија на Албанците денеска ќе одлучува, дали на претстојните претседателски избори кои ќе се одржат на 13. април, ќе истрча со свој кандидат. 

Како што пишува весникот Коха повикувајќи се на партиски извори, денеска ќе заседава Централното претседателство на партијата.

- Се повеќе и повеќе членови се за тоа, на изборите да одиме со свој кандидат, и големи се шансите ваква одлука да се донесе денеска - велат од ДПА за Коха 

Нема дополнителни информации за состанокот кој ќе се одржи денеска во 15:00 часот.

24.02.2014 - 10:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега