И Албанец кандидат на престојните претседателски избори

ДПА ќе кандидаира свој кандидат на престојните претседателски избори што ќе се одржат во април годинава. Највисокото партиско тело на Демократската партија на Албанците денеска реши да влезе во изборната трка. Од ДПА не откирваат со кој кандидат ќе се обидат да ја добијат довербата на граѓаните на изборите. Неговото име го најавуваат за во наредните неколку денови. 
Од партијата велат дека не можат да дозволат поради „игрите на ДУИ“ Албанците во Македонија на престојните избори да останат без свој кандидат. 

24.02.2014 - 20:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега