Втора фаза на проектот „Скопје - град без насилство“

Превентивно-едукативниот проект за спречување на насилството кој стартуваше од oпштина Кисела Вода кон крајот на ноември, влегува во втората фаза. Во насока на спречување на криминалот, девијантното однесување и насилството помеѓу младите и развивање на толеранцијата и меѓусебното разбирање, започнуваат едукативни предавања и трибини и во општина Кисела Вода и во општина Сопиште.

 Во дебатите учествуваат  ученици, родители и наставници,  се детектирааат причините за насилничко однесување, се врши класификација на прекршоците и кривичните дела и санкциите кои произлегуваат од ваквите прекршоци. Претходно, постери со испишани пораки против насилството, беа поставени на автобуски постојки и во автобусите.

- “Скопје-град без насилство “е инициран, изработен и се реализира од страна на ПСОН Кисела Вода на подрачјето на општините Кисела Вода и Сопиште, а е поддржан од Мисијата на ОБСЕ во Република Македонија и ЈСП – Скопје. Тенденцијата е тој да се рашири на целото подрачје на град Скопје и да даде позитивни резултати во правилната едукација малолетната популација од аспект на нивна правилна едукација за последиците од девијантното однесување, информираат од Општина Кисела Вода.

 

25.02.2014 - 10:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега