Скопјанец преку ноќ изгуби 3.000 евра

Засега непознат сторител ја ограбил куќата на 47 годишниот скопјанец Т.Ц. лоцирана во скопско Волково.

Според информациите од МВР, кражбата се случила во неделата, кога арамијата провалил во куќата преку балконската врата, ги пребарал собите и украл околу 5.000 денари, кредитни картички и разновиден златен накит, стекнувајќи се со плен “тежок“ 180.000 денари.

Полицијата трага по сторителот.

25.02.2014 - 12:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега