Скопјани проверете дали утре ќе останете без струја

Без снабдување со електрична енергија утре ќе останат дел од корисниците во општините Кисела Вода, Ѓорче Петров и Чучер Сандево.

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје соопшти дека од 9 до 15 часот без струја ќе биде дел од село Глуво во општина Чучер Сандево, а од 8 до 15 дел од улицата „Малешевска“ во Кисела Вода.

Во периодот од 9 до 16 часот без електрична енергија ќе биде дел од  село Никиштане, а од 10 до 15 часот, улиците „95“ и „101“ во населбата Волково, општина Ѓорче Петров.

Прекините, според соопштението на РЦУК, се поради реализација на инвестициски зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија на корисниците во овие реони. 

25.02.2014 - 13:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега