ВМРО-ДПМНЕ: Општина Куманово расипнички ги троши парите на граѓаните

Oпштина Куманово и нејзините општински институции работат расипнички и ги трошат парите на граѓаните за тотално непотребни работи, обвинуваат денеска од ВМРО-ДПМНЕ.

- По вчерашните информации дека поранешниот директор на ЈП Водовод Куманово Виктор Божиновски, за храна по ресторани потрошил 6.030.469 денари или 100.000 евра, се поочигледно е како работат кадрите на СДСМ во општините каде што се на власт, рече пратеникот Александар Николовски на денешната прес-конференција.

Тој истакна дека додека градот Куманово и неговите граѓани имаат проблеми со снабдувањето на вода и нејзината редовност, директорот назначен од СДСМ си терал скапи ручеци кои претпријатието ја чинат близу 100.000 евра.

- Така СДСМ работела во минатото, така работи и денес. Можеме да замислиме што се би се случувало кога ваквата политика на СДСМ во општините каде што се на власт, би се рефлектирала кога тие би ја воделе државата, рече Николовски.

На прес-конференцијата упати прашање до СДСМ што треба да се случи за да разберат дека одат по погрешен пат. - По скандалозните тендери на нивниот лидер Зоран Заев, по скандалозната кирија на Радмила Шекеринска, по паркинг-бизнисот на нивниот потпретседател Дамјан Манчевски и сега, по 100.000 евра за ручеци на нивниот партиски директор во ЈП Водовод во Куманово, што уште треба да се случи за да разберат дека продолжиле да одат по погрешниот пат, додаде Николовски. 

25.02.2014 - 16:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега