СДСМ демантира ама не демантира дека Пендаровски ќе биде нивниот кандидат за Претседател

Опозициската СДСМ негира но не ја демантира информацијата која пред малку ја објави Press24 дека Стево Пендаровски ќе биде нивниот кандидат за Претседател на Македонија.

„Или е најобична шпекулација или некој се ширење полувистини се обидува да им се додворува на „сителашите“ или на „куририте“ претставувајќи им се како веродостоен извор. Стево Пендаровски е еден од кандидатите кој го предложиле повеќе општински организации на СДСМ,  но конечна одлука за тоа кој ќе ја претставува опозицијата на претседателските избори се уште не е донесена. Очекуваме до недела, два дена пред одржувањето на Конгресот да ја искристализираме сликата за тоа каков политички и човечки профил ќе им понудиме на граѓаните на Македонија. Секоја друга сервирана приказна е невистина и дезинформација“ велат „високи извори“ од Бихаќка за опозицискиот Либертас.

Ваквиот став на опозицијата не ја демантира информацијата дека токму Пендаровски ќе биде нивниот кандидат за Претседател на Македонија и дека закажаниот Конгрес на 4 март е само чиста формалност. Инаку, одлуката тој да ја трча избрната трка за најголемата опозициска партија паднала денеска бидејќи токму денеска Пендаровски и прифатил да ја превземе одговорноста, дознава Press24.
Како што претходно објавивме,  Пендаровски е канидатот кој формално на 4март ќе излезе пред Конгресот на СДСМ за да ја бара довербата иако неговиот избор уште однапред е договорен. Оттука, нашите извори велат дека сосема логично е СДСМ да демантира дека паднала ваква одлука, бидејќи во спротивно се поставува прашање, зошто би имало потреба од одржување на Конгрес и на кое ниво е демократскиот капацитет на партијата. 

26.02.2014 - 00:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега