Дава пет гласа за парламентарните избори во замена за едно работно место

Белграѓанецот Момир Тодоровиќ им нуди пет гласа на членовите на неговото семејство во замена за вработување, објави весникот „Блиц“.

"Давам пет гласа за парламентарните избори во замена за едно постојано работно место, бидејќи сите во семејството сме невработени, а семејството треба да преживее, гладни сме, се наведува во „огласот“ што го објави Тодоровиќ. 

Момир вели дека неговото семејствое подготвено да гласа за која било партија на претстојните парламентарни избори во замена за работно место за некој од членовите на семејството.

"Тоа го направив од гнев и очај бидејќи сите петмина сме невработени. Секој ден слушам како треба да се најде работа за младите луѓе, сите политичари се опколени со млади луѓе. Тоа го поддржувам од се срце, но да беше вистина тоа што го зборуваат", изјави Тодоровиќ за „Блиц“.

Според него не станува збор за продавање на гласовите бидејќи тоа е незаконски, туку ги нуди во замена за постојано работно место само за еден член од неговото семејство.

26.02.2014 - 10:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега