Ванковска не ја прекинува трката за собирање потписи

Најостро ја демантираме информацијата која проструи на некои медиуми и портали дека професорката  Билјана Ванковска ја прекинува трката за собирање на потписи. Дезинформацијата е заснована на наводна објава на Фејсбук, и цениме дека станува збор за потег насочен кон обесхрабрување на граѓаните кои во овие преостанати пет дена сакаат да го дадат својот потпис за кандидатурата на проф. Ванковска, реагираат од тимот на Ванковска, кој ја координира акцијата за собирање потписи за претседателска кандидатура на професорката.

-Списоците за собирање потписи остануваат во канцелариите на ДИК се до самиот крај, на 2 март (недела) до полноќ, кога истекува законскиот рок. Конечниот резултат ќе биде објавен лично од проф. Ванковска по собирањето на сите списоци дистрибуирани низ Републиката, стои во демантот.

26.02.2014 - 11:39
Фото: 
radiomof.mk

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа