Паника на Бихаќка- се бара кодошот наместо да се излезе пред јавноста

Детална истрага се спроведува од синоќа на Бихаќка откако протече информацијата од координацијата на највисокиот партиски врв - Пендаровски да биде кандидат за претседател од оваа партија. Експертите велат дека партијата би покажала најголема сериозност доколку излезе со транспарентна информација за своето членство, делегатите на Конгресот но и пошироката јавност наместо повторно да се занимава единствено со себе и со „кодошите“ во своите редови.

Пендаровски инсистирал партијата да ги демнатира информациите од состанокот првенствено поради својата неодлучност- имено, според нашиот извор, тој прифатил да биде кандидат на СДСМ доколку во април не се одржат и парламентарни избори. Истовременото водење на двете кампањи би го фрлило претседателскиот кандидат во сенка а би се затворила и можноста за калкулација со гласовите на албанските партии.

Во моментов нема најава од СДСМ за прес-конференција иако од вчера се најавуваше дека Зоран Заев ќе ги обелодени адутите на партијата за шеф на државата во пресрет на партискиот Конгрес закажан за вторник.

Пендаровски за Република тврди дека до сега не бил контактиран од било кого од СДСМ а одлуката дали ќе влезе во трката ќе ја донел кога до него ќе стигне таква понуда.

- Јас и сега можам само да ви кажам дека никој, ама баш никој, до овој момент не седнал со мене воопшто да разговара на таа тема. Не знам дали некои организации на СДСМ ме предложиле, но за да воопшто дискутираме за ова, прво мора мене да ме контактираат – вели Пендаровски.

 

 

 

26.02.2014 - 11:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега