СДСМ открива нови проекти од програмата: Ќе изградиме автопат по коридорот 8

Автопатите Скопје-Штип и Кичево-Охрид можеа и досега да се изградат со парите потрошени за проектот „Скопје 2014“, велат од СДСМ.

- Овие 500 милиони евра, пари на граѓаните, наместо за споменици и музеи, требаше да се искористат токму за изградба на автопатиштата Скопје – Штип и Кичево – Охрид. Со тоа ќе се избегнеше дополнително задолжување на државата, а воедно повторно ќе беше ангажирана градежната оператива, рече потпретседателот Дамјан Манчевски на денешната прес-конференција.

Тој најави два нови проекти од програмата на партијата, односно изградба на автопатот Велес – Прилеп – Битола и изградба на автопат по Коридорот 8, односно поврзување со Албанија на запад и со Бугарија на исток.

- Согласно анализите, дополнително ќе се утврди трасата по која ќе поминува овој автопат, рече Манчевски.

26.02.2014 - 15:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа