Пораст на лицата заболени од грипот Х1Н1 во Албанија

Само за еден месец во Албанија биле регистрирани 19 случаи на заболни од вирусот на грипот А (Х1Н1) изјави денеска директорот на Институтот за јавно здравство Газмет Бејтија.

Тој, исто така, истакна дека во споредба со претходната година е забалежан пораст од пет отсто на заразени од обичниот грип, како и од вирусот Х1Н1.

Во меѓувреме албанскиот министер за здравство Илир Бека информира дека нема простор за паника бидејќи властите во земјата преземале неопходни мерки за справување со ситуацијата.

27.02.2014 - 09:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа