Сакам да се посветам на мојот син- Марија Шерифовиќ бремена?

Марија Шерифовиќ вчера ја имаше  промоцијата  на својата автобиографија наречена Исповед во која го опишува својот тежок период низ кој поминувала по раскинувањето со нејзината поранешна девојка Кармен, со која се запознала во 2008 година во Црна Гора.

Тие беа во врска скоро три години, но иако премногу се сакаа Марија не била подготвена да го изгуби семејството поради неа.

Ми беше тешко но не сакав да си отидам од семејството бидејќи тоа е нешто свето. Тогаш не размислував за последиците но знам дека повеќе никогаш нема да бидам со личност која е во брак вели пејачката.

Но пејачката реши да сврти нов лист, и изјави дека после објавувањето на книгата и новиот албум за кој вели дека е најдобар до сега таа сака да го роди нејзиниот син Лука.

Кога ќе завршам со промоцијата на албумот сакам да станам стабилна личност и да се посветам на своето дете. Ќе одам во банка за сперма, ќе изберам татко по можност некој шпанец кој има талент за пеење вели Марија.

27.02.2014 - 11:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега