Грчкото министерство за здравство тврди дека ракот не е итен освен ако не е во крајна фаза

Адонис Георгијадис , грчкиот министер за здравство за „Вашингтон пост“ изјави дека „тој не ги смета болестите како ракот за итни, освен ако не се во крајна фаза“.

„Вашингтон Пост“ објави напис за еден шеесетгодишен пациент кој е неосигурен заболен од рак, Никос Соломос  кој нема пари да плати операција која би го спасила, откако бил принуден да ја продаде целата опрема што ја имал на својата фарма и многу имот за да ги покрие медицинските трошоци кои надминале 50.000 евра.

Во моментов има најмалку 2,3 милиони - или речиси една петина Грци - без здравствено осигурување стои во „Вашингтон Пост“.

 

Георгијадис изјавил дека во државните болници се уште се лекуваат итни случаи, без разлика дали се осигурани или не. - Но, болестите како рак не се сметаат за итни, освен ако не се во крајна  фаза, додал тој. 

27.02.2014 - 11:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега