Се растури коалицијата на ВМРО-НП и СДСМ - партиите ќе настапат самостојно на евентуалните парламентарни избори

И официјално паријата на Ѓеоргиевски ВМРО-НП и СДСМ ја раскинаа коалицијата поради различните платформи и идеолошки разлики. 

Поранешниот премиер се решил да настапи самостојно на следните парламентарни избори, и ќе биде носител на листата во третата изборна единица. 

И двете партии денеска преку заедничко соопштение го обелоденија раскинот на коалицијата која на последните избори не ги донесе резултатите кои опозициските лидери ги очекуваа. 

Георгиевски истакна дека соработката со СДСМ не завршила поради нечиј некоректен однос, туку поради големите политички и идеолошки разлики меѓу двете партии. 

- „Се договоривме самостојно да одиме на парламентарните избори. Ние како партија ќе поднесеме сопствени листи. Јас најверојатно ќе бидам ностител на листата во третата изборна единица. Претпоставувам дека сум прв носител на листа,кој објавува каде ќе се кандидира. Другите имиња во текот на неделата ќе ги усогласиме“, изјави Георгиевски, кој во интервју за „Утрински весник“, кое ќе биде објавено деновиве, подетално ги објаснува причините за разидувањето со СДСМ. 
Исто така и во СДСМ сметаат дека причината за прекинувањето на коалициската соработка е поради различните програмски платформи на двете партии, кои што се обраќаат на граѓани со различна идеолошка определба. 

 

27.02.2014 - 14:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега