Кузевска не ја прифаќала про-сдсмовската политика на 24 вести па била под притисок?

Инсистирањето да се работи објективно и избалансирано наспроти упорноста на менаџментот да се води про-сдсмовска политика било причина за отказот на досегашната уредничка на 24вести Богданка Кузеска, брифираат извори од телевизијата. Според нивните сознанија, Кузеска подолго време била под притисок по што конечно решила и да си замине. 

 Програмски директор во 24Вести е некогашниот портпарол на Бранко Црвенковски, Зоран Иванов, ккој веќе преговарал со новинар од друга телевизија да дојде и да биде главен уредник.

Кузевска вчера потврди дека си заминува од телевизијата поради серија несогласувања со менаџментот. Отказот го дала деновиве, а од први март повеќе не е дел од информативната програма на телевизијата.

-Поради несогласувањата околу начинот на работа во информативниот дел и неколку писма од страна на менаџментот полни со според мене неосновани забелешки како и парични казни за мене, јас ја понудив мојата оставка од главен и одговорен уредник – рече таа.

За три години, 24 вести имала 4 главни уредници: Анита Петровска, Љупчо Цветановски, Боби Христов и Богданка Кузевска.

28.02.2014 - 13:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега