ВМРО-ДПМНЕ подготвени за предвремени парламентарни избори

По одлуката на ДУИ за предвремени парламентарни избори, која дојде како одговор на одбивањето на ВМРО ДПМНЕ за консензуален претседателски кандидат, денеска од владејачката парија изразија подготвеност за соочување со јавноста и барање можност за нов мандат во Собранието, пренесува Канал 5.

Од ДУИ велат дека на овој начин ќе се постигне политичко освежување, а иницијативата во собранието ќе ја достават во понеделник. Во петок собранието ќе се распушти со цел да се запазат изборните рокови.

Вечерва на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ ќе се донесе конечната одлука за најавениот потег на ДУИ.

Од СДСМ пак за парламентарните избори не одлучуваат тие туку оние кои што го имаат мнозинството во парламентот, односно коалицијата на власт.

 

За распуштање на собранието потребни се 62 пратеници да гласаат за.

28.02.2014 - 14:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа