Фатени насилниците кои малтретираа малолетник во автобус на ЈСП

СВР Скопје до надлежното ОЈО поднесе кривична пријава против неколкумина малолетници од Никиштани, под  сомнение дека во автобус на ЈСП со број 64 нападнале и малтретирале нивен врсник.

Според податоците од полицијата, се работи за 15-годишниот А.М. и 16-годишните А.Б. Ф.И. и Б.М. кои на 19 месецов околу 14 часот и 20 чминути во автобус на ЈСП број 64, кој се движел на релација Транспортен центар - село Никиштани, на автобуска постојка во селото Волково, меѓу другите патници, се качило и едно  момче на 17 годишна возраст и седнало во долниот дел од автобусот, а пријавените кои биле на горниот спрат од автобусот се симнале во долниот дел и без никаков повод и причина физички го нападнале и грубо го малтретирале 17 годишното момче со што предизвикале чувство на  страв и несигурност кај другите патници.

По пријавувањето на настанот, полициски службеници од одделението за малолетничка деликвенција и семејно насилство превзедоа опертивни мерки и активности, при што пријавените се пронајдени и повикани со родители за да дадат исказ. Во исказите сите, освен А.Б. негирале дека го сториле делото, по што е извршено препознавање од оштетениот и очевидците, кои со сигурност ги посочиле четворицата пријавени малометници, како сторители на кривичното дело “насилство“.

 

 
01.03.2014 - 11:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега