Откриен идентитетот на жената која беше пронајдена мртва во Кочанска река

Полицијата го откри идентитетот на жената чие безживотно тело синоќа беше пронајдено во водите на Кочанска река. Се работи за 35-годишната Николинче А. од Кочани за која нејзините најблиски велат дека имала психички проблеми.

Младата жена од Кочани два дена ја немало дома, велат нејзините најблиски.

 Според медицински лица, од моментот на смртта на Николинче А. до нејзиното пронаоѓање во водите на Кочанска река поминале не повеќе од два до три часа.

Обдукцијата ќе покаже како настапила смртта.

01.03.2014 - 13:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега