Пендаровски доби поддршка од НСДП за претстојните избори

Централниот одбор на НСДП денеска едногласно одлучи на претстојните претседателски избори да го поддржи кандидатот на коалицискиот партнер СДСМ Стево Пендаровски.

Од партијата соопштуваат дека Стево Пендаровски  е најдоброто решение за петседател кој може да ги заштити и унапреди  националните и надворешно политичките интереси на Македонија.

Централниот одбор во насока на организациските подготовки за претстојните парламентарни и претседателски избори формира Централен изборен штаб, со кој ќе раководи претседателот на партијата Тито Петковски.

01.03.2014 - 14:06
Фото: 
новатв

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега