Ваучери за уште 60 новороденчиња од Кисела Вода

Нови 60 семејства од Кисела Вода со новороденчиња, денеска добија еднократна парична помош од општината. Ваучерите во вредност од 6.000 денари кои градоначалникот на општината Билјана Беличанец Алексиќ денеска ги доделуваше по осми пат, на месечна основа, значат скромен поттик и стимул за семејствата сериозно да размислуваат и да се одлучат за зголемување на бројот на деца.

- Живееме  во време кога сите заедно мораме да размислуваме за опстанокот на нашата нација, да размислуваме како ќе се справиме со намалувањето на наталитетот со кој секојдневно се соочува нашата држава. Семејството е основна клетка за градење на едно здраво општество. Семејството е главниот столб за опстанокот на еден народ, на една нација, истакна Беличанец-Алексиќ.

Градоначалничката додава и дека сака да испрати јасна порака дека општина Кисела Вода се грижи, и понатаму ќе продолжи да се грижи за своите најмали жители.

01.03.2014 - 14:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега