Груевски: Македонија нема да ја свитка кичмата

ВМРО-ДПМНЕ сака најмногу од сите решение на проблемот со нашиот јужен сосед. Тоа го сакаме заради влез во НАТО и ЕУ, а и заради тоа што не сакаме да имаме лоши односи со нашите соседи, истакана премиерот Никола Груевски.

-Проблемот со името со нашите соседи не е работа само поврзана со избори решението за името за нас има поголема суштина. Ние по ова прашање освен голема волја имаме и јасни принципи кои досега во повеќе наврати се имаме произнесено.Народот е тој што ќе одлучи, ако Грција и понатаму остане со такви радикални ставови како досега ние секоја година можеме да организираме избори, посочи премиерот.

Груевски посочи дека само ако  од Грција дојде предлог за уредно решение само тогаш може да има исчекор за спорот со името.

-Дотогаш ќе продолжат да доаѓаат извештаи од меѓународните организации , но ние веќе се навикнавме на тоа знајќи дека крајната цел им е да ја свиткаме кичмата. Народот не се лаже, само СДСМ може да ја свитка кичмата, рече Груевски.

Во Нато и ЕУ треба да влеземе не со свиткана кичма, туку гордо и достоинствено.

01.03.2014 - 21:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега