Крадците „удрија" по уште една црква

Ограбена е црквата во долнореканското село Јанче од непознати сторители кои насилно влегле и украле четири икони и  околу две илајди денари.

 

Провалниците во објектот влегле преку прозорец од задната страна, откако целосно го демонтирале. По изваршениот увид било констатирано дека недостасуваат три поголеми и една помала икона за кои се верува дека се стари повеќе од еден век, пренесе МИА.

 

Обид за кражба е регистриран и во селото Битуше. Таму непознати сторители влегле во црквата Св. Архангел Михаил, но откако бил активиран алрамниот систем, нејверојатно биле спречени во намерата и избегале. Случајот го пријавил жител на селото.

 

Од почетокот на годинава, на поширокото гостиварско подрачје регистрирани се десетина тешки кражби во православни храмови

02.03.2014 - 11:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа