Пијани возачи „летале" на улиците - викендов 24 сообраќајки во Скопје

Во текот на изминатите три дена во Скопје се случиле вкупно 24 сообраќајни незгоди.

Во петокот се случиле девет сообраќајки од кои четири се со последица материјална штета, четири со последица телесна повредна во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патнички моторни возила, еден сопатник и двајца пешаци и извршен е увид на една железничка несреќа со последица материјална штета.

Во саботата, сообраќајната полиција изврши увид на вкупно седум сообраќајни незгоди. Од нив, пет незгоди се со последица материјална штета и две со последица телесни повреди во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко возило, еден сопатник и еден пешак, додека вчера се случиле осум сообраќани незгоди. Од нив, шест се со последица материјална штета, една со последица телесна повреда во која со полесни повреди се здобило возач на мопед и една со последица тешка телесна повреда. Сообраќајката се случила во 17 часот и 50 минути на ул. „Призренска“ помеѓу товарно моторно возило со скопски регистарски таблички и пешак, граѓанин на Скопје кој се здобил со тешки телесни повреди.

Во текот на овие три дена беа откриени и санкционирани 76 возачи кои се затекнати како ги управуваат своите возила под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, 20 возачи коишто не ги почитувале светлосните сообраќајни знаци, 11 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, 21 возач кои го користеле мобилниот телефон при управување на возилото и 33 возачи ги управувале своите возила со изминат рок на сообраќајната дозвола.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива. 

 

03.03.2014 - 09:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега