Внимавајте: Полицијата демне - пајакот „лапна" 82 автомобили

Во текот на вчерашниот ден пајакот повторно направи парче на скопските улици. Со специјалното возило биле отстранети 82 возила кои го попречувале нормалнот оодвивање на сообраќајот.

Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден откри и санкционира 7 возачи кои поминале на црвено светло на крстосниците, 13 возачи кои ги паркирале своите возила во зона на крстосница и го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот, тројца возачи коишто непрописно се престроиле на крстосница, 10 возачи за не користење на сигурносен појас и седум возачи се санкционирани за користење на мобилен телефон при управување со возило.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно.

04.03.2014 - 09:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа