СДСМ вечерва на Конгрес ќе го „избира“ Пендаровски

СДСМ вечер во хотелот „Александар Палас“ ќе го одржи 16. Конгрес под мотото „Македонија заслужува претседател“ на кој се очекува да биде потврдена кандидатурата на Стево Пендаровски за шеф на државата.

На почетокот на Конгресот обраќање пред присутните ќе има лидерот на партијата Зоран Заев, по што ќе следува работниот дел. По неговото завршување, како што информира СДСМ, ќе се обрати партискиот кандидат за претседател на Република Македонија.

Извршниот одбор на СДСМ едногласно одлучи да му предложи на Централниот одбор единствен кандидат за претседател на Република Македонија, Стево Пендаровски.

Партијата тогаш соопшти дека постапката за предлагање и евидентирање на кандидатите била спроведена во сите 76 општински организации на СДСМ. Биле предложени вкупно 26 кандидати од општинските организации, а во тесен круг биле осум кандидати. Стево Пендаровски бил предложен од сите општински организации на СДСМ.

Пендаровски формално ќе биде кандидиран со поддршка од 30 пратеници на СДСМ

04.03.2014 - 13:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега