Пендаровски избран со акламација!

Сите 588 присутни делегати му ја дадоа поддршката на Стево Пендаровскуиз а претстојната претседателска трка. Универзитетскиот професор кој ги советуваше Црвенковски и трајковски е адутот со кој СДСМ ќе ја бара довербата од граѓаните.

Во својот говор пред делегатите во Александар Палас порача дека негова прва задача е да го врати достоинството ан функцијата претседател. Со остар тон ги критикуваше актуелните состојби во земјата и порача дека негов план е да ја извади Македонија од како што рече друштвото со африканските земји ид а ја внесе во НАТО и ЕУ.

-  Нема да имам дилеми кога ќе треба да се спротивставам на која било злоупотреба на власта, да ги заштитам граѓаните од притисок на оние горе, кои изгубија контакт со реалноста. Нема да се колебам да ги употребам сите овластувања кои ми ги дава Уставот за да се спротивставам на кршењето на човековите права, евидентно рушење на демократијата, ограбувањето на татковината и продлабочувањето на поделбите во земјата - рече Пендаровски.

Подеднакво остар беше и лидерот ан СДСМ Зоран Заев. Тој побара од делегатите и од сите поддржувачи на СДСМ да застанат зад Пендаровски и зад партијата на двојните избори кои селдат.

-По пет години празнотија и безличност, Пендаровскуи ќе стави крај на полтронското шефување со државата, а Македонија ќе го добие тоа што го заслужува. Ќе го добие Стево Пендаровски, човек со државнички манири и државник со човечки особини - порача Заев.

 

04.03.2014 - 22:04
Фото: 
sky.mk

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа