ВИДЕО: По Црвенковски и Пендаровски стана „државник“

Во отсуство на една четвртина од делегатите на СДСМ, Црвенковски преку Заев гопротурка Пендаровски на вечерашниот Конгрес на СДСМ, пишува Курир. Во недемократска атмосфера, без никаква транспарентност и со чудно однесување кон новинарите, СДСМ го финишираше 16тиот Конгрес. 
Делегатите немаа никаков избор бидејќи пред нив беше понуден само еден кандидат. Опозицијата ги сокри од јавноста и луѓето кои биле во најтесниот избор заедно со Пендаровски, а енигма останаа и имињата на делегатите. 
Пендаровски, својата кратка програма пред партиското тело ја презентираше откако беше официјализиран како кандидат, со што се поставува прашањето, за што воопшто гласаше Конгресот на СДСМ ако се има предвид дека кандидаот на опозицијта прв пат се појави пред делегатите дури по неговото избирање. И самиот избор беше чуден за партија со демократски предзнак. Имено на делегатите не им беше овозможено тајно гласање, па практично за Пендаовски се гласаше во хор. 
За да биде ситуацијата поинтересна, Заев во својот говор, Пендаровски го нарече „државник“, име кое беше главен слоган во кампањата на Црвенковски во изборите кои јавноста ги оцени како процес со најголем број неправилности до сега, а тогаш, Државната изборна комисија ја раководеше токму Пендаровски

04.03.2014 - 23:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега