Скопјанец кој има 22 затворски казни се обидел да измами мобилен оператор

Кривична пријава е поднесена против 40-годишниот скопјанец С.Ш. заради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело – “фалсификување исправа“.

Скопјанецот иако е невработен се обидел да склучи стандарден претплатнички договор со Т-Мобиле Македонија АД Скопје.  на почетокот на 2013 година во продажен салон на Т-Мобиле поднел  Барање за склучување на договор за засновање на претплатнички однос за пристап и користење на јавните комуникациски услуги, при што во прилог кон барањето приложил „Потврда за работен однос“ за која знаел дека е со невистинита содржина односно дека наводно е вработен во ТДПТУ „Мини Ефтинија“ ДООЕЛ Скопје заверена со штембил од наведеното претпријатие, информираат денеска од полицијата.

Од страна на Т-Мобиле Македонија до СВР-Скопје - ЕЕКК e доставена кривична пријава со прилог целокупна документација со која се потврдува дека С.Ш. на 10.01.2013 година во продажeн салон на Т-Мобиле поднел Барање за склучување на договор за засновање на претплатнички однос за пристап и користење на јавните комуникациски услуги и истиот ден барањето му било одобрено. Притоа, бил склучен Стандарден претплатнички договор и анекс кон истиот за користење на поволности од понуда 24 со кои на пријавениот му било овозможено непречено користење на услугите на мобилната телефонија преку мобилната телефонија на телефонски број и по повластена цена му бил доделен мобилен телефон. С.Ш. иако невработен сепак употребил „Потврда за работен однос“ дека наводно е вработен кој бил еден од условите да го склучи договорот кој своерачно го потпишал.

СКопјанецот има 62 кривични пријави, за извршени вкупно 157 кривични дела од имотните деликти, за кои во временскиот период од 1994 до 2013 година од надлежен суд му се изречени 22 казни затвор, една условна осуда и една парична казна. Тој ја оштетил Т-Мобиле за 191.399 денари.

05.03.2014 - 13:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега