Сарачини: Продолжуваме со спроведувањето структурни реформи

 

Министерот за скономија, Ваљон Сарачини, денеска за време на промоцијата на книгата на албанскиот академик, поранешен министер во Владата на Република Албанија и пратеник во албанскиот Парламент Анастас Анѓели - „Дневник на економската транзиција“, во Скопје, потенцираше дека Владата е силно фокусирана на решавање на клучните економски проблеми преку структурни реформи, и во таа насока продолжува со несмалено темпо.

- Она на што ќе обрнеме посебно внимание во наредниот период е дивезификација на производството, поттикнување на мали и средни семејни фирми, зголемување на конкурентноста и иновативноста на малите и средните претпријатија, намалување на енергетската зависност и поттикнување на извозот, истакна Сарачини пред присутните.

Според министерот структурните реформи се решение за сите земји од регионот, при што најголемо внимание треба да се посвети на зајакнувањето на конкурентноста на локалната економија, креирањето на нови производи, инвестирањето во иновации, наоѓањето на трети пазари и привлекувањето на регионални инвестиции, особено во делот на инфраструктурата: - На овој начин ќе се зголеми извозот, ќе обезбедиме макроекономска стабилност, ниска инфлација, намалување на јавниот долг и стабилен девизен курс, цели кои се заеднички за сите земји во регионот, потенцираше Сарачини.

 Сарачини изрази особено задоволство од интересот на албански компании за инвестирање во енергетиката, рударството, ИТ секторот.

05.03.2014 - 14:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега