Со јога до подобар секс- еве како

Јогата е позната по својата способност да го намалува стресот, но и по голема корист за здравјето. Покрај истегнувањето, зајакнувањето на организмот и фокусирање на важните работи, јогата може да помогне и во спалната соба.

Кога ќе се спомене јогата, многумина помислуваат на исцрпно вежбање, истегнување , медитација и секојдневно исцрпување. Но, не е така.

Практикувањето на јогата помага сите работи да ги правите со леснотија, па и оние во спалната соба. Таа е вежба за телото, умот и сексуалниот живот.

Постојат многу, но се издвојуваат неколку главни и најзначајни придобивки од јогата

Флексибилност 

Болката во грбот, зглобовите и нефлексибилноста се резултат на слабото движење, а тоа создава проблеми и во спалната соба.

Јогата е неверојатна вежба за вашиот организам во смисла на зголемување на флексибилноста, но и за намалување на болките во зглобовите и мускулите.

Доколку вашето тело не може да се свитка со леснотија, веројатно различните пози во сексот не доаѓаат предвид. Затоа, веднаш почнете да се занимавате со јога и изненадете го партнерот.

Релаксација и желба

Напнатоста и стресот може да ја убијат желбата, но и целосно да ви го уништат расположението. Нашето тело е преплавено со хормонот на стрес, а доколку не можете да најдете начин да се ослободите, јогата е вистинско решение.

Поттикнете го длабокото дишење, истегнувањето и концентрацијата во моментот. Стресот постепено исчезнува, а сексуалната желба ви станува сè посилна и поголема.

Љубов кон своето тело

Мажите и жените се склони кон пронаоѓање маани на своето тело и вечно се незадоволни со својот изглед.

Кога го мразиш своето тело, тоа е во спротивност од основата за сексуално уживање.

Јогата пред сè влијае на способноста да се опуштите и да ви биде удобно во својата кожа.

Физиолошко подобрување

Јогата има физичка реакција на сексот кај жените. Студиите кои ја мерат желбата, возбудата и оргазмот, воочиле дека вкупното задоволство е многу поголемо кај оние кои практикуваат јога.

05.03.2014 - 17:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега