Тејлор Свифт заврши на суд

Тејлор Свифт толку многу маѓепса еден обожавател што лудо ја сака за себе, па сета работа заврши на суд.

Таа моментално е слободна, а сигурно не е мажена, како што тврди нејзинот обожавател. Поради неговите луди пораки, Тејлор мораше да побара судска забрана за приоѓање, пишува E!News.

Се работи за 33-годишен Тимоти Свит, кој по пат на медиумите, поракатите и телефонот, тврдел дека се оженил со славната пејачка.

Неговата опсесија со убавата Тејлор отиде толку далеку, што порача дека ако некој од нејзиното семејство биде убиен, вината не е негова и секогаш ќе има оружје за да може да ја заштити. 

05.03.2014 - 20:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега