Прошталното писмо ја крие тајната за смртта на штипскиот бизнисмен

Прошталното писмо оставено до безживотното тело на штипскиот бизнисмен Горан Даскалов ја крие тајната за неговата смрт. Како што пишува Утрински весник, вчера, погребот на штипскиот бизнисмен на градските гробишта во Штип минал без црковни обреди што и во отсуство на официјални информации наведува на тоа дека станува збор за самоубиство. Неговото тело во семејната викендичка во Штип го пронашла неговата 19 годишна ќерка. Што пишува во писмото кое било адресирано до неговото семејство нема информации.
Во отсуство на официјални информации, штипската чаршија, како што пишува Утрински шпекулира дека Даскалов бил во финансиски проблеми. Бизнисот со текстилот на му одел добро, а сакал и да ја продаде семејната викендичка во која беше пронајдено неговото тело.
Сепак, штипјани за Утрински сведочат дека Даскалов бил ведар човек и правел големи планови за себе и своето семејство.
Даскалов беше пронајден мртов завчера во неговата викендичка во Штип. Тој беше претседател на текстилниот кластер, а своевремено раководеше и со фудбалскиот клуб Брегалница

06.03.2014 - 00:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа