Бидете внимателни напаѓаат отровници - три лица каснати од змии во еден ден

Тројца тиквешани биле каснати од змии во петокот, објавува “Дневник”.

Станува збор за две жени кои добиле убоди од змии на прстите. Едната од нив била родена во 1963, а другата во 1982 година. Третата жртва на змиите е 24 годишно момче. Трите лица биле каснати од змии додека работеле на лозје.

Началникот на одделението за хирургија при болницата Дано Кулев, упати апел до населението, да бидат исклучително внимателни, пренесуца Дневник. Во последно време е забележана раздвиженост на змиите во тиквешко, кое важи за регион во кој живеат отровници.

најчитано сега