Затвореник од Битола фатен со дрога

31-годишниот Ф.С. и 28-годишниот Д.О. од Битола си заработија кривична пријава за „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, пихотропни супстанци и прекурсори".

Првопријавениот кој е на издржување казна затвор во затворот во Битола неовластено набавил и препакувал опојна дрога–марихуана, ја ставил во ташна под седиштето на својот велосипед и му ја дал на второпријавениот, информираат од СВР-Битола. Д.О. марихуаната требало да ја достави до затворот во Битола, а за тоа да добие паричен надомест од страна на Ф.С. Полициски службеник го затекнал второпријавениот на пат кон затворот и при преглед на ташната пронајдена е една најлонска кеса наполнета со камења и непозната материја за која при вештачењето е утврдено дека се работи за опојна дрога–марихуана со маса од околу 108,9 грама.

На второпријавениот одредена му е мерка притвор во траење до 30 дена, а првопријавениот е вратен во затворот во Битола.

06.03.2014 - 11:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега