Зад решетки монструмот кој издрогира и претепа брачен пар од Скопје па ги остави на Галичица

Во Врњачка Бања е уапсен монструмот од Охрид кој во текот на минатата година излажа брачен пар од Скопје, ги издрогира и остави на Галичица.

Се работи за 38-годишниот Горан Проев кого српската полиција го приведе за кражба на техничка роба од  државјанин на Бугарија, вредна 1000 евра, кој беше во бегство од 5 јуни минатата година.

За потсетување, брачниот пар од Скопје, 49-годишниот Скопјанец и неговата 39-годишна сопруга, минатата година дојдоа во Охрид за од охриѓанецот да купат автомобил, но наместо да ја земат колата и да си заминат тие преживејаа хорор кога монструмот ги издрогира во стан во Охрид, ги ограби и претепа, по што тие завршија на врвот на Галичица. Освен што остана без 3.500 евра, брачниот пар се здоби и со тешки повреди на градниот кош, главата и екстремитетите.

Охриѓанецот конечно е зад решетки за делото кое го направи.

 

06.03.2014 - 12:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега