Малолетничка од Тетово која ја пријавиле како исчезната фатена со дрога

Млада тетовчанка која била пријавена за исчезната е фатена со дрога.

Според податоците од полицијата, се работи за 17-годишната тетовчанка А.М. која на улицата Јане Сандански во Тетово е фатена со марихуана која претходно ја набавила од непознато лице од Тетово за 300 денари.

Родителите на тинејџерката претходно ја пријавиле како исчезната во полиција. Таа ќе си заработи соодветна кривична пријава за делото кое го направила.

06.03.2014 - 13:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега