Приведени лихвари од Штип и Виница

Полицијата приведе лихвар од Штип и негови соработници од Виница. Според податоците, се работи за  38-годишниот Г.Т. од Штип и 64-годишниот О.Т.  и Н.Г. (42) и А.Н. (52) од Виница.

Г.Т. и О.Т. во периодот од 03.10.2008 до 30.01.2013 година, на пет лица од Виница и Кочани им позајмиле 57.450 евра за што склучиле  договори, во кои била предвидена несразмерна месечната камата и се стекнале со имотна корист од 113.906 евра. Н.Г. и А.Н. искористувајќи ја својата службена положба,  а спротивно на банкарското и благајничко работење по барање на О.Т. на 30 и 31.01.2012 година во филијалата на „Стопанска Банка“ во Виница, каде и двете се вработени, без присуство на З.Л (46),  на нејзино име отворилe и активиралe трансакциона сметка на која О.Т. во два наврати уплатил вкупно 762.600 денари, колку што бил договорениот заем со камата за шест месеци со нејзиниот сопруг.

А.Н. спротивно на одредбите на Упатството за благајничко работење без присуство на носителот на трансакционата сметка и овластено лице од негова страна и негово задолжително евидентирање на 30 и 31.01.2012 година на О.Т. му го исплатила наведениот износ, од кој тој пак на З.Л.на рака и го исплатил договорениот заем од 615.000 денари, а каматата од 147.600 денари ја задржал за себе иако истата била наведена во договорот за заем како основица на заемот.

06.03.2014 - 14:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега