Масовна тепачка пред средното ПТТ во Скопје- двајца во болница

Двајца ученици во средното ПТТ во Скопје завршија во болница откако денеска околу 13:30 биле нападнати од поголема група ученици од средното хемиско училиште кое се наоѓа во непосредна близина. Настанот се случил на булеварот Трета македонска Бригада.

Групата ученици-напаѓачи се обидела да избега од местото на настанот но полицијата успеала да приведе 14 од нив.

Мотивите за нападот сеуште енс е познати. Неофицијалнос е дознава дека учениците од ПТТ биле од македонска националност додека пак учениците од хемиското училиште биле од албанска национална припадност, но не е познато дали тоа има некаква поврзаност со немилиот настан.

 

 

06.03.2014 - 15:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа