Во Србија уапсен охриѓанецот кој издрогира и ограби брачен пар на Галичица

38 годишниот охриѓанец Горан Проев по кого полицијата трагаше поради разбојништво уапсен во Врњачка Бања. Осомничениот од изнајмена соба во која престојувал заедно со цимерот бугарски државјанин  украл техничка стока и пари во вкупна вредност од околу илјада евра.

Од охридската полиција го потврдија настанот  велат распишана е меѓународна потерница за Проев по што се очекува министерството за правда да  побара екстрадиција.

Инаку летово охриѓанецот заедно со својот другар прелажаа и ограбија брачен пар од Скопје .Наместо да им продадат возило марка мерцедес по цена од 35оо евра ги одведоа  во стан им ставија  средство за успивање ги претепаа и оставија  на Галичица во местото викано Корита .Со тешки телесни повреди скопјаните завршија во општата болнивца во Охрид и без своите пари. Полиција 8 месеци трегаше по Горан Проев кој беше по бегство а неговиот пријател ја одлежува затворската казна

06.03.2014 - 21:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега