Сопругата на Жељко заминува на породилно

Сопругата на Жељко Јоксимовиќ е на прагот на осмиот месец од бременоста и решила да до крајот на бременоста да ги прекине работните обврски во „Утринската програма“ на Пинк телевизија и го најавува нејзиното враќање наесен откако нејзиното бебенце ке зајакне.
 
- Јована ќе работи уште најдолго еден месец и потоа оди на мирување и подготовки за породувањето. Таа ќе се врати на работа кога бебето ќе има пет месеци, така самата одлучи, изјави изворот за магазинот „Блиц“.
 
Таа и Жељко пред два месеци го дознаа полот на детето. Се претпоставува дека водителката носи момче, но тие не сакаа да ги коментира овие информации.
06.03.2014 - 22:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега