Осуммина повредени во сообраќајки во Скопје

Во текот на изминатото деноноќие на скопските улици се случиле вкупно 14 сообраќајни незгоди. Од нив, седум незгоди се со последица материјална штета, а пет се со последица телесна повреда, во кои телесни повреди заработиле еден возач на патничко моторно возило, еден сопатник, двајца пешаци и двајца возачи на мопеди. Вчера во Скопје се случиле и две несреќи со последица тешка телесна повреда.

Едната сообраќајка се случила во 14 часот на улицата „Т. Ковачевиќ“, кога автомобил удрил во пешак кој заработил тешки повреди. Другата несреќа се случила во 11:30 часот, на паркинг простор од улицата „Трета Македонска бригада“ во која товарно моторно возило движејќи се наназад удрило во пешак. Пешакот се здобил со тешки телесни повреди.

Сообраќајната полиција казнила 14 возачи коишто не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, осум возачи кои ги управувале возилата под дејство на алкохол и 16 возачи кои ги управувале своите возила со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола. Казни заработиле 13 пешаци.

Во рамките на сообраќајно воспитните акции Отсекот за превенција при Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе реализира едукативни работилници во ОУ „Партениј Зографски“ кое се наоѓа на територијата на општина Кисела Вода.

За денеска не се најавени вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

За во недела, 9 март, е најавено одржување на спортски натпревар со почеток во 17 часот на фудбалската арена „Филип Втори Македонски“ помеѓу Вардар и Пелистер. Сообраќајната полиција презема мерки за сообраќајно обезбедување, што значи дека од 15 часот на крстосницата од улиците „Аминка 3“ и „Јордан Хаџиконстантинов Џинот“ ќе се врши селективно пропуштање на возилата кои се движат кон фудбалската арена.

07.03.2014 - 09:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега