Големо апсење во Струмица- „паднаа“ сите цариници од Ново Село

Во голема полициска акција која сеуште е во тек се приведуваат цариниците од граничниот премин Ново Село , дознава Пресс24 од извори во истрагата.

Според првичните информации, цариниците во соработка со поголем број цивилни лица кои исто така се приведуваат, подолг временски период криумчареле стока од Бугарија. 

Апсењето се одвива во повеќе градови во земјава меѓу кои е и Струмица од каде се најголем дел од осомничените. Според неофицијалните информации, приведувања има и во Штип и Богданци.

Во соработка со УЈП и Царинската инспекција почнуваат контроли во повеќе градови во земјава каде во различен вид продавници можела да се најде криумчарената стока, дознаваме од извори во истрагата. На мета се објеткти во Скопје, Струмица, Прилеп, Куманово, Виница и Штип.

Од МВР повеќе детали најавуваат за подоцна во текот ан денот.

 

07.03.2014 - 10:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега