Педофил од Дебар силувал 14 годишно момче

Педофил од Дебар повеќе пати силувал 14 годишно момче. Обљубата ја извршил во близина на основното училиште “Братство и единство” во Дебар.

Педофилот по националност Ром, бил вработен во јавно претпријатие. Момчето пак, било сираче и со својот мачител се познавало од порано.

 

- Кривичното дело “Силување”  е  извршено во периодот  од 21 до 28 минатиот месец, кога 62 годишниот жител на Дебар извршил повеќе обиди за обљуба врз малолетник на возраст од 14 години. При расчистувањето на овој настан покрај полициските службеници од ПС Дебар вклучени беа и стручни лица од Центарот за социјални работи, вели портаролот на охридската полиција, Стефан Димоски за Канал 5.

14 годишникот сам го пријавил случајот во полиција. Хируршкиот преглед потврдил дека момчето било силувано/

Педофилот заработи кривична пријава и 30 дневен притвор.

07.03.2014 - 11:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега