Македонска делегација во лов на инвестиции во САД

Eкономски тим, предводен од вицепремиерот Владимир Пешевски и  директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Висар Фида, денеска ги презентира условите за инвестирање и водење бизнис во Македонија пред бизнис заедницата во Синсинати и Луисвил.

Во текот на денот економскиот тим ќе оствари средби со 3 производствени компании кои се на листата на “Fortune 500” (помеѓу најголемите 500 компании во САД). Станува збор за компании од индустријата на производство на кабли, производство на производи за широка потрошувачка како и глобална компанија за контакт центри. Во сите три компании делегацијата ќе оствари средби со нивните извршни директори и директори одговорни за стратегија и меѓународни операции.

Во текот на попладневните часови економскиот тим ќе го посети градот Луисвил во Кентаки каде ќе ги презентира инвестициските можности во Македонија пред бизнис заедницата во овој град. Настанот во Луисвил е организиран во соработка со World Trade Center Kentucky и Greater Louisville Chamber.

Со ова завршува петдневната посета на овој регион во САД во градовите Филаделфија, Питсбург, Јангстаун, Акрон, Синсинати и Луисвил. По остварените бизнис презентации како и реализираните директни средби со голем број на глобални компании се зголемуваат шансите за зголемен број на инвестиции во Македонија.

07.03.2014 - 11:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа